Барселона би можела да направи сериозни промени во дефанзивната линија уште во јануарскиот преоден рок. Жил Кунде и Алехандро Балде се сè поблиску до заминување од „Камп Ноу“, а каталонскиот гигант се надева дека од нивните трансфери ќе обезбеди значителни средства за нови засилувања.

Според информациите на медиумите, познатиот агент Жорге Мендеш пристигнал во Барселона за да разговара со Балде, кој конечно е подготвен да ја разгледа можноста за заминување.

Левиот бек уште летоска добил јасна порака од Ханси Флик дека нема да има значајна улога во тимот, но тогаш ги одбил понудите од Манчестер Јунајтед и Астон Вила.