Поминаа цели осум месеци откако мистериозно исчезна 28 годишниот неготинчанец Миле Тодоров. Неговите блиски молат за помош за негово пронаоѓање и бараат случајот да не се заборави.
Утрово повторно се огласија од навивачката група Винари Неготино.
Изминаа цели 8 месеци, а нашиот брат сѐ уште го нема, а до ден денес нема ниту една сигурна и потврдена информација за неговата состојба, сепак ние не забораваме на братот. Повторно апелираме доколку некој поседува било какво сознание да се обрати во најблиската полициска станица, или да ја контактира фамилијата/пријателите, пишуваат од групата.
Тодоров последен пат бил виден во Марена во јануари околу 10:30 часот носејќи работничко одело со бело палто и црн елек. Претпоставка е дека пеш тргнал од Кавадарци кон Неготино.