На шест дена до почетокот на Европското првенство во ракомет, селекцијата на Црна Гора е во нови проблеми. На последното тестирање, дури шест ракометари и двајца членови на стручниот штаб се позитивни на Коронавирусот.

„Последното задолжително тестирање пред патувањето во вторник ќе го одреди конечниот список на патници на ЕП. Само играчите и членовите од стручниот штаб кои е добијат негативни тестови ќе може да одат на ЕП“, стои во соопштението на ракометната федерација од Црна Гора.

Црна Гора на Европското првенство е во група со Македонија, Словенија и Данска, на дуелите во Дебрецен.