Есенскиот вицешампион во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Академија Пандев денеска ги засили своите редови со 27 – годишниот напаѓач Пепи Георгиев.

Тој е првото засилување за Академија Пандев во зимскиот преоден рок, а голгетерот се враќа во ПМФЛ по шестмесечен престој во албанскиот прволигаш Теута.

Георгиев претходно во кариерата настапуваше за Кожуф, Беласица, Силекс и Брегалница, а во Академија Пандев треба да биде замена за најдобриот стрелец сезонава во ПМФЛ Мартин Мирчевски, кој во јануарскиот преоден рој се очекува да замине во странство.