МВР со координирана акција ги стопираше опасните возачи
Осум пијани и диви возачи фатени за два дена. Во интензивна дводневна полициска акција (31.05 и 01.06.2025), биле уапсени осум лица за безобѕирно управување со возило, што е кривично дело според член 297-а од Кривичниот законик на РСМ. Возачите биле фатени пијани, со опасно високи брзини, или по предизвикана сообраќајна несреќа.
МВР со засилени сообраќајни контроли во Скопје: Санкционирани 570 возачи, 150 за брзо возење
Алкохолизирани зад воланот – рекордери со над 1,7 промили
Највисокиот алкохолен рекорд го држи С.З. (24) од Кочани со измерени 1,89 промили алкохол, фатен на ул. „Доктор Николиќ“. Следуваат:
В.Б. (26) од Тетово со 1,79 промили (ул. „Борис Кидрич“)
Т.Д. (53) од Делчево со 1,71 промили (ул. „Крушевска“)
А.О. (42) од Штип со 1,68 промили (ул. „Кирил и Методиј“)
М.Л. (55) од Ресен со 1,68 промили (петочен случај во Желино)
Д.Т. (50) од Скопје, кој со 1,58 промили предизвикал сообраќајна несреќа со пет возила на автопатот Куманово–Скопје.
Брзински прекршоци – опасност за сите учесници во сообраќајот
Е.К. (46) од Струга е фатен со 145 км/ч на патот Кичево–Гостивар, на место каде што дозволената брзина е 60 км/ч.
В.М. (46) од Охрид е запрен кај клучката Камењане со 158 км/ч, додека ограничувањето било 80 км/ч.
Ќе следуваат кривични пријави за сите уапсени
Министерството за внатрешни работи информира дека против сите осомничени лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави откако ќе се комплетира документацијата за секој случај.
Безобѕирното управување – сè почеста појава
Безобѕирното управување и алкохолот зад воланот претставуваат сериозна закана за безбедноста во сообраќајот. МВР повторно апелира до сите возачи да не се впуштаат во опасно однесување, бидејќи ризиците се сериозни и последиците можат да бидат трагични.
Извор: Република