Осумнаесетгодишна девојка била физички нападната од своето поранешно момче во гостиварското село Чајле.
Според информациите од полицијата, напаѓачот е 20-годишен жител на селото и во моментов е приведен од страна на властите.
– Вчера од полициски службеници од Полициско одделение Чегране лишен од слобода е В.Ј.(20) од с.Чајле, бидејќи физички нападнал 18-годишна жителка на гостиварско село, со која порано биле во љубовна врска – велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.