Приземна куќа изгоре во пожар попладнево во охридската населба Лескајца.

Пожарот бил пријавен околу 13 часот, по што од Територијалнта противпожарна единица било интервенирано со четири возила и десет пожарникари.

Пламенот е изгаснат во акцијата што инаку се одвивала во отежнати услови поради големо количество мебел и најразлични предмети собрани во непосредна околина на објектот на улица „Петар Поп Арсов“, што ги попречувало пожарникарите во пристапот до самиот објект.

Нема информации за повредени лица во пожарот, а причините за неговото избувнување треба да ги утврди истрагата.