Ако тоа биде условот, Македонија никогаш нема да стане членка на Европската Унија. Вака му одговори професорот Владо Бучковски, поранешен специјален претставник за Бугарија, на новинарот на бугарската ТВ Нова на прашањето – ако ние кажеме – или признавате дека Гоце Делчев е Бугарин или вие нема да станете Европјани, како би одговориле?
-Ако тоа биде условот, Македонија никогаш нема да стане членка на Европската Унија. Мислам дека тоа не е патот кој нè води до целта.барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ македонското Собрание да донесе декларација за Гоце Делчев, Бучковски беше прашан дали смета дека Гоце Делчев би се срамел кога би видел за какви теми денес спорат Македонија и Бугарија.
За барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ македонското Собрание да донесе декларација за Гоце Делчев, Бучковски беше прашан дали смета дека Гоце Делчев би се срамел кога би видел за какви теми денес спорат Македонија и Бугарија.
-Би се срамел и мислам дека се превртува во гробот, поради своите идеали, поради неговите идеи. Тој денес би бил еден од најголемите космополити. Во овој момент кога двете влади демонстрираат волја со нова методологија да не се говори само за историјата, туку повеќе да се говори за иднината, мислам дека опозицијата во нашиот парламент прави нешто што не треба да се прави во овој момент, одговори Бучковски.