Тој додае дека работат подолг временски период на тоа како да развијат модел, односно се разгледуваат неколку можности, како на пример да се даде дополнителна финансиска стимулација на лекарите кои би го работеле тоа или да има системи на ротација на лекари кои во кој било момент ќе бидат на располагање на затворите, а лекарите и лекарските тимови ќе ротираат согласно своите распореди.

Министерот најави дека планот е при крај и од септември ќе биде ставен во функција.

Во однос на количините на метадон за зависници, тој информира дека во моментов има сосема доволна количина, се очекува да се надополни една количина за следниот месец, но и сегашните резерви се доволни и не се очекува сценарио во кое ќе има недостаток на метадон.

Инаку, Народниот правобранител, Насер Зибери кон крајот на јуни реагираше дека состојбата во затворите во Mакедонија од аспект на здравствена заштита на затворениците е повеќе од загрижувачка.