Прекин на сообраќајот поради дронови
Аеродромот во Минхен утрово повторно е отворен откако преку ноќ беше затворен поради пријави за сомнителни дронови. Германските медиуми јавуваат дека неколку лица забележале дронови како летаат над аеродромот, што ја активирало полициската интервенција.
Откажани и пренасочени летови
Воздушниот сообраќај беше прекинат кратко по 22 часот, по што беа откажани 17 летови, а речиси 3.000 патници беа директно погодени од ситуацијата. Дополнително, 15 авиони беа пренасочени кон Штутгарт, Нирнберг, Виена и Франкфурт.
Патници преноќија на терминалот
Голем број патници останаа заробени на аеродромот и мораа да преноќат во терминалот. За нивните потреби, полицијата и противпожарната служба поставија десетици полски кревети.