Станува збор за младо лице, чие тело било пронајдено во водите на езерото во близина на туристичката населба Лагадин.

Според првичните информации, нема траги на насилство врз телото, а идентитетот на лицето и причините за настапувањето на смртта ќе ги утврди истрагата.

Некои спортски портали веќе пренесоа дека станува збор за голманот на ракометниот клуб Охрид, а воедно и репрезентативец на Македонија Никола Даниловски, за кој велат дека се удавил под неразјаснети околности.

Голманот исчезнал околу девет часот после тренингот на неговиот клуб, а утринава било пронајдено неговото безживотно тело.

Даниловски последно време се наоѓаше и на поширокиот список на македонската репрезентација и кај Брестовац и кај Лазаров.