Според информациите на Канал 5 станува збор за лицето Ејуп Беслими, кој по истрелите од огнено оружје им подлегнал на повредите. Тој бил убиен во тесна уличка спроти бензинската пумпа на улицата Македонско косовска бригада. Засега не е позната ниту причината за убиството, ниту кој пукал врз него. Безживотното тело на Беслими го пронашле минувачи, кои случајот го пријавиле во полиција во 9 часот и 12 минути.
„Трагите од крв на ова место сведочат за убиството кое се случило утринава тука кај улицата Македонско косовска бригада.. Надлежен јавен обвинител во соработка со службеници од МВР веќе извршија увид по што ќе се утврдуваат причините за убиството.“
Полициски извори за Канал 5 велат дека убиениот зад себе имал криминално досие.
Во населбата Топанско поле во март годинава двајца мажи на 24 и 28 годишна возраст со истрели од огнено оружје беа изрешетани во автомобил. Полицијата се уште работи и на овој случај.