Како што информираат од полицијата во несреќата учествувале автомобил „тојота“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Х.(74) од Визбегово и електричен тротинет „ксиаоми“, управуван од Ф.К.(22) од Скопје.

-Во незгодата Ф.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.