Службеници од Полициската станица „Табановце“ при Регионалниот центар за гранични работи Север при извршена контрола констатирале дека две возила не поседуваат соодветна документација за меѓународен превоз на патници.

Како што информираат од МВР, едното патничко возило комби „Форд Транзит“, со бугарска национална ознака, било управувано од Т.Т. (35) од Струмица. Другото возило, со скопски регистарски ознаки, било управувано од П.И. (31) од Скопје, кој не поседувал комплетна документација за меѓународен превоз на патници и стока.

За двата случаи од страна на Државниот инспекторат за транспорт се изречени соодветни санкции.