Притоа се откриени 24 сторители кои приложиле 20 фалсификувани PCR тестови и четири фалсификувани сертификати за извршена вакцинација.
При извршување на задачите, посебно внимание е посветено на откривање и спречување на прекуграничен криминал и илегална миграција.
Во годината што изминува откриени и запленети се 273 килограми марихуана, како и поголема количина акцизна стока и друга разновидна стока што е предмет на нелегална трговија.
Во делот на миграцијата, при илегално преминување откриени и спречени се 128 лица, најголемиот број албански државјани, додека 26 лица се мигранти од Индија, Сирија, Пакистан, Мароко.
За сите констатираните нелегални активности преземени се соодветни законски мерки.