Анѓушев на должноста е именуван со указ на претседателот на Малта, Џорџ Вела на 5 октомври годинава, а именувањето е одобрено и од малтешката Влада. Соодветни одобрувања се дадени и од страна на македонската Влада.
– Ќе ми претставува особена чест и задоволство да бидам почесен конзул во нашата држава на Малта, која е членка на Европската Унија. Малта, иако мала со околу 460 илјади население, е економски високоразвиена земја од која имаме многу да научиме. Соработката и трговската размена со Малта е на многу ниско ниво и ќе ми биде предизвик да работам на зголемување пред се на економските активности, создавајќи конекции на малтешки стопанственици со нашата држава и да видиме колку производи може да пласираме од кај нас во Малта, истакна Анѓушев по повод отворањето на канцеларијата на Конзулатот.
Малта е држава лоцирана во средишниот дел од Средоземното Море, со годишен бруто домашен производ од над 39 илјади долари по глава на жител. Најразвиени сектори се банкарство, ИТ, како и туризмот. Најголем потенцијал за трговска размена со Малта се гледа во извоз на земјоделски производи од нашата држава.