– Со оваа набавка во вредност од 2,5 милиони денари, после 35 години, студентските домови ,,Гоце Делчев”, ,,Стив Наумов” и ,,Кузман Јосифовски Питу” ги осовременуваат условите, го подигаат квалитетот и ја подобруваат услугата за студентите, се вели во соопштението од МОН.

Од Министерството додаваат дека е започната реконструкција на девет студентски домови со KfW Development Bank за што се обезбедени 25 милиони евра со кои домовите ќе се модернизираат и ќе станат енергетски ефикасни.

– Ги променивме политиките за стипендирање, воведовме целосно нови категории на стипендии, но и ги зголемивме месечните износи на стипендии кои се исплаќаат на студентите и учениците. Студентските стипендии кои се доделуваа во неколку категории со различни износи од 3.300 денари, од 4.400 денари и така натаму, сега се сите изедначени на 6.050 денари, со исклучок на оние за студенти запишани на математика, физика, хемија кои остануваат по 18.000 денари месечно. За првпат воведовме и стипендии за трет циклус на студии, тоа се 15 стипендии од по 18.000 денари за 12 месеци во годината, а ги вративме по цела една деценија и стипендиите за постдипломски студии во државата, вкупно 50 стипендии од по 9.000 денари за 9 месеци во годината. И двата типа на стипендии се за студенти кои ќе се запишат на конкретни струки наведени во конкурсите, кои се исклучително дефицитарни, велат од МОН.

Оваа година првпат започна и исплата на субвенциониран студентски оброк кој во моментот го примаат над 27.000 студенти.