Регионалниот проект Регионална мрежа за културна разновидност (РЕАД) финансиран од ЕУ, објавува повик за резиденцијален престој каде автори од Македонија, Турција, Србија, Косово, Албанија имаат можност да престојуваат во некоја од овие земји.
Целта е на авторите да им се даде можност дa ја запознаат литературната, уметничката и културната сцена во регионот и со тоа да се поддржи регионалното распространување на литературни дела.
РЕАД Програмата за резиденти започнува со реализација во мај и трае до крајот на декември во зависно од избраната земјата, а престојот на авторот е еден месец.
Повикот е отворен од 1. март, а ќе трае до 30 март 2023 година. Повеќе информации за апликациите може да се најдат на линкот: https://www.goethe.de/ins/mk/kul/sup/rea.html