Во рамките на културната програма на Амбасадата на Република Македонија во Виена за 2023 година, а со поддршка на Министерството за култура на МК, на 15 јуни 2023 година, во просториите на Амбасадата во Виена беше отворена ликовна изложба, насловена како „Човек, простор и принцип“, со дела од академските уметнички Касиопеја Наумоска и Катерина Деспот.
Пригодно обраќање за уметничкото творештво на Касиопеја Наумоска и Катерина Деспот имаше амбасадорот Освит Росоклија.