– Од името на Црвениот крст на Република Северна Македонија уште еднаш сакаме да изразиме длабоко сочувство и солидарност со семејствата на настраданите граѓани. Ја споделуваме тагата со семејствата на трагично загинатите, иако сме свесни дека во моментов, нема зборови што може да ја утешат нивната болка и загуба. На повредените им посакуваме брзо опоравување – посочуваат од Црвениот крст.

Од организацијата изразуваат благодарност до Црвен крст на Бугарија кој уште во раните утринските часови ја понуди својата поддршка и заедничка работа во правец на намалување на болката и тагата на повредените и семејствата на настраданите.

– Нашата Организација ги става во функција сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на настраданите со нудење на прва психолошка поддршка, материјална и финансиска поддршка. Во оваа смисла Ве повикуваме сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување финансиска помош за настраданите семејства како последица од настасаната катастрофа – наведуваат од Црвен крст.

Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во сообраќајната несреќа во Република Бугарија.

Донации со повик на телефонските броеви 070 / 075 / 077 143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).

За донации на средства во странска валута: NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS; BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE; BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA; BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11; SWIFT CODE: KOBSMK2X; IBAN CODE: MK07300701000001228.