САД ќе ги прекинат напорите за ставање крај на конфликтот во Украина – Рубио со предупредување од Париз

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Вашингтон ќе ги прекине дипломатските напори за ставање крај на конфликтот во Украина, доколку во следните неколку дена не се постигне конкретен напредок во разговорите меѓу Киев и Москва.

„Стигнавме до точка во која мораме да решиме и да утврдиме дали воопшто е можно да ставиме крај на војната или не“, порача Рубио по синоќешната средба во Париз со претставници од Европа и Украина.

„Ова не е наша војна“ – Рубио најавува можен политички пресврт

Рубио потврди дека САД немаат намера да продолжуваат со неодредени ангажмани, укажувајќи дека Вашингтон три години поддржува украинската страна, но е време да се направи пресек.

„Ова не е наша војна. Ние не ја почнавме. САД ѝ помагаа на Украина три години и сакаме да заврши, но тоа не е наша војна“, изјави Рубио.

САД и Украина потпишаа меморандум за ретки минерали

Во сенка на изјавата на Рубио, САД и Украина потпишаа меморандум за соработка со природните богатства. Меморандумот е како последна фаза пред формализирање на договорот за експлоатација на украинските ретки минерали.

Договорот, според изјавата на претседателот Доналд Трамп, ќе биде потпишан најдоцна до четврток.

„Имаме договор за минерали, за кој претпоставувам дека ќе биде потпишан во четврток“, изјави Трамп, реферирајќи на стратешката економска соработка меѓу Вашингтон и Киев, која ја гледа како паралелен процес со политичките напори за стабилизирање на ситуацијата.

 

 

 

Извор: libertas