Oсум деца и еден чувар се убиени во пукањето што се случи вчера во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Убиени се А.Б., Б.А., С.Н., нивните тела се пронајдени во училишниот хол, заедно со телото на обезбедувачот Драган Влаховиќ.

Во училницата на приземјето, клас 7/2, чиј ученик е осомничениот се убиени А.Д., К.М., М.А., Е.К и А.Ч.

Убиените деца се родени во 2009-та и 2011-та година.

Жртвите се седум девојчиња и едно момче, меѓу кои и еден француски државјанин, потврди Министерството за надворешни работи на Србија.

Овие златни деца вчера наутро биле донесени во училиште, но за жал никогаш нема да се вратат дома.