Во рамки на студијата која ја спроведе веб-страницата money.co.uk, се истражувало кои градови се најдобро оценети ширум светот кога станува збор за хотели, ресторани, ноќен живот и атракции кои треба да се посетат, пренесе „B92“.
Првото место го зазела Атина каде 19,7 отсто од хотелите, рестораните, ноќниот живот и нештата кои треба да се посетат се високо оценети. Покрај тоа што главниот град на Грција е најдобро рангиран град според активностите, тој е и на второ место по хотели и ноќен живот.
На второто место е друга европска престолнина, Лисабон. Лисабон е град со втор најголем број на активности и атракции со 5 ѕвезди – 40 отсто од неговите атракции го добиле ова признание од туристите. Исто така, градот е познат по одличната храна и не е многу оддалечен од бројните плажи.
На трето место е Фиренца, во срцето на италијанската регија Тоскана. Како дом на ренесансата, Фиренца е богата со историја, уметност и архитектура. Иако не постигнал особено висок резултат по ниту еден фактор, овој град во севкупниот пласман го зазел третото место.
Град со најдобро оценети хотели на светот е Лос Анџелес – 16,9 отсто од хотелите во овој град, посетителите ги оцениле со 5 ѕвезди. Град со највисока оцена за ресторани е Брисел – 3,1 отсто од рестораните се наоѓаат во водичот на Мишелин.
Што се однесува до пабови, барови и клубови, грчкиот остров Родос е високо рангиран – 37,2 отсто од местата за ноќен живот се оценети со 5 ѕвезди.
Целата листа изгледа вака:
1. Атина (Грција)
2. Лисабон (Португалија)
3. Фиренца (Италија)
4. Единбург (Велика Британија)
5. Хонолулу (САД)
6. Родос (Грција)
7. Даблин (Ирска)
8. Венеција (Италија)
9. Прага (Чешка)
10. Амстердам (Холандија)