Шпанскиот фудбалски великан Барселона денес го ратификуваше договорот со сервисот стриминг „Spotify“.

На вонредното собрание на делегати договорот го одобрија 89 отсто од гласачите.

Логото на „Spotify“, новиот главен спонзор на клубот, ќе се појави на предниот дел на дресовите на машкиот и женскиот тим на Барселона од сезоната 2022/23 и таму ќе остане четири години. Сличен договор за три сезони ќе важи и за тренинзите.

Долгорочниот договор за името на стадионот „Камп Ноу“ ќе стапи на сила од јули 2022 година и ќе трае 12 сезони.

Барселона ќе добие најмалку 435 милиони евра за дванаесет сезони соработка со „Spotify“, објави „Diario Sport“.