Според нив, останува препораката до земјоделците и во наредниот период да ги искористат сите можни капацитети за наводнување, за да спасат барем дел од производството.
-Нивото на водата во подлабоките слоеви е на многу ниско ниво, па така, доколку не се преземат мерки за наводнување, штетите ќе бидат неминовни, предупредуваат од УХМР.
Агрометеоролозите ја нагласуваат и опасноста кај пченката и сончогледот, како и кај градинарските култури на отворено каде приносите се очекува да бидат многу ниски, а на некои површини се оценува и дека воопшто нема да има принос.
-Ваквите или слични временски услови ќе се задржат и во текот на оваа недела, со температури кои ќе достигнуваат околу 37 степени, со услови за повремени локални врнежи од дожд, со количества кои воопшто не се очекува да ја сменат состојбата со сушата, истакнуваат од УХМР.