Пациентите коишто биле згрижени на одделението за Интензивна веќе се префрлени на Клиниката за пластична хирургија во „Пирогов“. Најголемиот дел од нив се со изгореници по телото од различен степен.

-Сите пациенти се во стабилна здравствена состојба. Еден од пациентите којшто имаше хируршка интервенција на ногата заради скршеница по дополнителните испитувања кои уште на почетокот ги најавија колегите се виде дека има и компресивна фрактура на еден од пршлените и му е направена уште една интервенција после што ситуацијата е стабилна и тој се чувствува добро, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Министерот информира дека денес се прават последните подготовки за транспорт на двајца пациенти – за тие да го продолжат своето закрепнување на скопските клиники. Досега, со оглед на шокот од несреќата и тешките психички трауми, хоспитализираните добија и специјална психолошка поддршка од болницата. Во „Пирогов “ засега се хоспитализрани седум лица кои беа донесени по автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во раните утрински часови на 23 ноември.