Триесет и осумгодишна државјанка на Шведска е тешко повредена по инцидент при слетување со параглајдер во Охрид. Повредената веднаш била пренесена во болницата „Св. Еразмо“, каде ѝ била укажана медицинска помош.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека вчера во 17:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во болницата „Св. Еразмо“ е донесена А.Г.Б. (38) од Шведска, кај која биле констатирани тешки телесни повреди.

Според информациите од полицијата, повредите ги здобила при слетување со параглајдер што го управувало лице од охридска параглајдинг-компанија.

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.