Обвинетиот Борче Марковски се врати во Битола, тврди за „Независен“ неговиот правен застапник, прилепскиот адвокат Марјан Николоски.
Николоски лично се јави во „Независен“ да каже дека она што го изјави претходно, дека неговиот клиент ќе се врати, се оствари.
„Борче Марковски се во врати во Македонија, тој е во Битола покрај семејството, Ги заврши работите во Србија за кои што и го баравме пасошот. Сметам дека согласноста од ОЈО Струга и Вишото Обвинителство од Битола како и одлуката на судот за враќање на пасошот е сосема исправна и законита. Апелирам за сите вакви случаи каде што постои сомнение за финансиски криминал да се постапува идентично како во случајот со Борче Марковски. Односно, кога е дадена сериозона гаранција, апсолутно е беспредметно одземањето на пасошот. Во суштина со враќањето на пасошот македонското правосудство спречи настанување на ненадоместлива штета, која доколку обвинетиот Борче Марковски е ослободен од обвинение, таа штета ќе биде на товар на државата“, вели правниот застапник на Борче Марковски, адвокатот Марјан Николоски.
