Корисниците кои се одјавени не можат да се најават преку Фејсбук или преку е -пошта и лозинка, а оние што се најавени не можат да објавуваат фотографии и „сториња“.

Со хаштаг #InstagramDown на Твитер, стотици твитови од целиот свет се објавени во последните неколку минути. Некои корисници прашуваат за што станува збор, некои ги информираат другите, додека други се шегуваат за честите проблеми во работата на социјалната мрежа.

Во целиот свет, Инстаграм „падна“ пред неколку часа, додека корисниците во Македонија имаат проблем од околу 13:30 часот.

Компанијата Фејсбук, која е сопственик на Инстаграм, на почетокот не се огласи за да објасни во што е проблемот, ниту колку долго ќе трае. Потоа, за „Њузвик“ беше кажано дека проблемот е решен, иако на социјалните мрежи, корисниците од одредени земји се уште пишуваат дека имаат проблем со пристапот до мрежата.