Од Државната изборна комисија информираат дека поради технички проблем страницата за проверка во избирачкиот список https://izbirackispisok.gov.mk била надвор од функција 3 часа, за што претходно реагираа од Зелен хуман град.
– Со цел да им се даде целосна можност на сите заинтересирани граѓани/ки да ја дадат својата подржка во постапката за собирање на потписи за кандидирање, и да не се скрати времето за оваа постапка, Државната изборна комисија, во последните три дена од рокот предвиден за собирање потписи, го продолжува работното време на работење на Подрачните одделенија и канцеларии, за толку колку што траел прекинот – велат од ДИК.
Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, на 27, 28 и 29 август 2021 година, наместо до 20:00 часот ќе работат до 21:00 часот, додека на 30 август како последен ден за собирање на потписи ќе работат до 23:59 часот.