Словенија и цела Европа поддржуваат решение на предизвиците меѓу Бугарија и Македонија, а актуелното словенечкото претседателство е можност која треба да се искористи за наоѓање решение, истакнале премиерот Зоран Заев и словенечкиот претседател Борут Бахор на денешната средба одржана на маргините на Бледскиот стратешки форум.
Пахор на средбата го афирмира ставот дека Словенија го поддржува европско проширување со земјите од Западен Балкан и очекува, со посредство и поддршка на словенечкото претседателство, да се најде прифатливо решение за блокираниот процес за интеграција на Македонија во ЕУ, соопшти владината прес-служба.
– Премиерот Заев и претседателот Пахор на средбата споделија дека лидерите постојат за да наоѓаат решенија и дека современото живеење и глобалните текови бараат храбри и мудри чекори од страна на политичките лидери на Европа.
Претседателот на Владата Зоран Заев потенцираше дека Европа препозна дека граѓаните на Македонија покажаа храброст и ги прифатија европските вредности и дека земјата направи сѐ за да продолжи по европскиот пат напред.
Премиерот Заев ја поздрави определбата на Словенија за време на нејзиното претседателство со ЕУ да спроведе храбри одлуки и решенија во корист на проширувањето, се наведува во соопштението од владината прес-служба.