Определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена.

-Амбасадата на Република Македонија во Анкара испрати допис до Министерството за правда во кој информира дека ни доставува добиена Нота од МНР на Република Турција, како одговор на Нотата доставена од Амбасадата на РМ во Анкара од 06.12.2023 година, со која информираат дека врз основа на дописот добиен од Канцеларијата на главниот јавен обвинител Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена, информираат од Министерството за правда.

Палевски е приведен во Турција по распишана потерница. Тој е првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.