И не е така далеку 2020-та година да се сетиме дека тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев ветуваше дека нема да дозволи прмеиер Албанец. Како и многупати досега, СДСМ ги измами своите гласачи и на крајот ДУИ го оствари своето барање, премиер на техничката влада ќе биде ни помалку, ни повеќе Талат Џафери.

Редакцијата на Радио Лидер се реши да направи една хронологија на настаните. Сѐ започна со слоганот „Псе јо“ кој се појави на скопското кале. Тогаш, во 2020-та година на роденденот на партијата ДУИ, нејзиниот лидер Али Ахмети посочи дека време е за ДУИ да го има првиот премиер Албанец.

Време е заедно да ја определиме нашата следна цел почнувајќи од следните избори, да ја реализираме определбата за да избереме ценета, почитувана и докажана личност која што ќе го избереме заедно, за првиот Албанец премиер на земјава, наведе Ахмети на 18-от роденден на партијата.

Тогаш на ова, жестоко реагираше Заев и напиша дека премиер Албанец нема да се случи.

Доколку СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажав низ сите мои политики изминативе години. Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, реагираше Заев во објава на Фејсбук.

Креативноста на тогашниот лидер на СДСМ одеше дотаму што дури почна на митинзите да зборува и албански, па на ДУИ на албански им порача дека нема да имаат премиер, а и дека ќе заминат во опозиција. Тогаш, на централна трибина на коалицијата „Можеме“ во Скопје упати порака на албански јазик „Pse jo BDI në opozitë“, односно „Зошто не, ДУИ во опозиција“. Видеото може да го погледнете во продолжение:

На крајот, како и многупати досега СДСМ ги излажа своите гласачи. Не само што ДУИ стана дел од владината коалиција, туку Зоран Заев беше нивни сојузник. Сега, неговиот наследник Димитар Ковачевски дозволи ДУИ да раководи со државата, а за првпат во 32 години независна Макеоднија да имаме технички премиер Албанец. Тоа, ни повеќе ни помалку ќе биде воениот дезертер од Армнијата на Макеоднија во 2001 година – Талат Џафери.

За ова, утрово се реакција се јавија и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од Талат Џафери не може да се очекува спроведување на фер и демократски избори, бидејќи од функција на претседател на Собранието, ги прекршуваше Деловникот и процедурите, заклучуваше врата од пленарна седница за да не се пријават други пратеници за збор и со тоа ја прекрши демократијата.

Џафери не може да биде премиер бидејќи во 2001 година дезертирал од Армијата на Македонија. Џафери не може да биде премиер бидејќи го блокираше законот за македонските бранители. Талат Џафери е недостоен за функцијата бидејќи цела македонска јавност слушна како им се обраќа на собраниските службеници, со пцовки, навреди и закани. Во некоја нормална земја, до сега Џафери ќе беше испратен во политичка пензија, а не да биде назначен за технички премиер на Македонија. Само дезертерот Ковачевски може да прифати друг дезертер како Талат да управува со владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сега, нов собраниски спикер би бил Јован Митревски, засега како предлог за техничката влада. Дали ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ, допрва ќе решава.

Нема да има импровизации во техничката влада, законски се регулирани ресорите кои ги добива опозицијата, а кои мнозинството на 100 дена пред одржувањето на изборите, вели премиерот Ковачевски

Тој додека дека ќе ја исполни својата обврска, ќе поднесе оставка за на негово место да седне спикерот Џафери кој ќе ја предводи третата пржинска Влада. Ковачевски со апел до ВМРО-ДПМНЕ да го исполни својот дел и да предложи кадар кој ќе раководи со министерствата во техничката влада.

ВМРО-ДПМНЕ треба да назначи министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, како и заменици во четири ресори. Дали ќе учествуваат во техничката влада, опозициската партија одлука ќе носи во наредните денови, но ВМРО-ДПМНЕ не се согласува Џафери да ја врши функцијата технички премиер.

Интегративците допрва ќе одлучуваат кој ќе биде нивниот кандидат за Претседател на државата, одлука треба да носат и дали заеднички со СДСМ ќе настапат на парламентарните избори.

Мандатот на преодната Влада трае од изборот, па, се до објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за изборите за пратеници. Техничката влада има задача да организира фер и демократски парламентарни избори. Емил Димитриев беше прв премиер Оливер Спасовски, втор, а Талат Џафери ќе биде третиот премиер на чело на техничката Влада.