Палевски немал медицинска документација туку цела опрема за подкаст
Обвинителката Жаклина Јосифовска го праша Палевски каде всушност одел, кога тргнал на пат за Белград, четири дена по убиството на Вања, со оглед на тоа дека тој претходно тврдеше дека го боли половината и одел натака за второ мислење за болеста но. Според обвинителката Палевски со себе немал ни еден лист од медицинската документација за Белград, туку носел цела опрема за подкаст.
„Имав две цедиња во куферот, Обвинителството ми ги украде”, кажа Палевски.
Палевски тврди дека не знаел кај се наоѓаат полицијата и судот во Баликесир
На прашање за тоа зошто како совесен граѓанин, откако видел дека неговата слика е низ медиумите, не се вратил од Баликесир, Палевски одговори дека иако му било јасно дека е осомничен и ќе го уапсат, сепак не знаел таму ни полицијата, ни судот кај се.
Тој додаде дека нема забелешка за турската полиција, освен една.
„Кога ме уапсија, ме тргна еден од инспекторите, ме сликна и на Whatsapp му ја прати на тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Потоа таа фотографија беше проследена до медиумите”, одговори Палевски.
Што правел Палевски на денот на убиството на Жежовски?
Обвинителката се врати на 22.11.2023 година, односно денот кога беше грабнат и убиен 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, со констатација дека Палевски измислил дека го сретнало некое лице тука во Скопје, но првообвинетиот тврди дека тоа лице постоело и било претепано во истрагата.
Сепак, Палевски не може да се сети на неговото име и презиме.
„Има сериозни последици. Јас не можам да се сетам на неговото име и презиме. Додека ја шетав Хера, среќавав многу луѓе. Благодарение на медиумите, не прифаќаат покани за сведочење”, ги обвини Палевски медиумите.
Извор: ТВ21