Околу настаните од 27 април, Панова рече дека имаше одредено насилство кое никогаш не смее да се повтори, но дали беше тоа тероризам? Секако дека не беше.
Многу е комплексно прашањето и многу болно за нас Македонците. Ако видите дека после овие случувања имаше амнестија на лица ко ибеа директни учесници во настанот, со цел гласање на промена на името – тогаш ќе видите колку таа рана ќе биде отворена се додека ја знаеме причината. Бидејќи никој не зборува за причината, туку за последицата, рече Панова.
Протестите во тој период, кои се одржуваа низ сите градови во Македонија таа рече дека биле мирни. Како претседателка на Унијата на жени во Струмица, излегувавме во градот и во сите градови низ Македонија. Нашите намери беа да се заштити Македонија.
-Нашите намери беа поразлични и намерите на луѓето сигурно не беа случајот да ескалира. Никогаш да не се повтори, но никогаш луѓето не смеат да се судат за такво дело како терористи, додаде таа.
И врапчињата знаат дека ова не е тероризам, дека овие луѓе се организирани од сосема некој друг за сосема други цели, кои денеска се на штета на државата. Македонија им е должна на овие луѓе да се судат праведно.
– Ако имате предвид фактот што многу луѓе го заборавија, дека еден од обезбедувањето на Заев носеше оружје, спротивно на законот. Тој беше единствениот со оружје, што може да ни каже дека истиот можеби знаел што ќе се случи. И денеска тој е награден, додаде Панова.
Ако се има предвид дека излегоа индиции дека имало четири различни изјави на еден од сведоците за предметот, тоа е скандалозно.
Предметот мора да падне на повисок суд. Во Република Македонија треба да се врати постапката и да стигне ова до судиите и обвинителите, кои ќе се ослободат од стегите на власта.
Таа додаде дека тие уништија животи на луѓе кои имаат фамилии, со деца, што го видовме на протестот -„ траорна беше сликата како мали дечиња секојдневно страдаат поради недостатокот од своите родители, само затоа што се неправедно осудени за тероризам“.