Димитар Ковачевски и Артан Груби договарале и потпишале договор со Бехтел и Енка кој предвидува услови за чие исполнување ниту еден од нив нема мандат, изјави денеска Ели Панова од ВМРО ДПМНЕ

Во продолжение нејзината прес конференција

Според документите кои излегоа во јавност, Владата ќе треба да плати 53 милиони евра како пенали за неовозможување на 60 часовна работна недела, во рок од 45 дена од потпишувањето на договорот помеѓу Владата и Бехтел и Енка, вели Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително секој месец Владата ќе треба да плаќа над 2,1 милиони евра повеќе на име пенали, додека трае изведбата.

Ова значи дека ако до 22 април не се донесе 60 часовна работна недела, Македонија веќе на 23-ти април ќе треба да исплати 53 милиони евра еднократно како пенали кон Бехтел и Енка и секој месец да исплаќа по дополнителни над 2,1 милион евра, штета која Ковачевски и Груби ја направиле.

Оваа штета може да се случи и истата изнесува фантастични 200 милиони евра. Ова се пари со кои можат да се купат лекови за ретки болести, да се изградат школи, градинки, водоводи.

Тие го потпишале договорот, па сега го кријат под превезот деловна тајна, го држат далеку од очите на јавноста. Па се поставува прашањето што кријат Ковачевски и Груби и што не смеат да видат граѓаните?

Почитувани,

Дека Македонија треба да плати пенали потврди и Владата, која пеналите ги нарече зголемени трошоци заради продолжување на рокот на изведба.

Само со овој дел од договорот и Ковачевски и Груби се инкриминирале, бидејќи ја злоупотребиле својата службена положба и овластување и презеле обврски кои не се во ингеренции на извршната власт, туку на законодавната, на Собранието.

Ковачевски и Груби не само што се инкриминирале, туку и прекршиле одлука на Уставен суд, кој по тоа прашање се изјаснил во јули месец 2022 година, кога изречно навел дека 60 часовната работна недела е неуставна.

Се поставува логичкото прашање, зошто ЈО молчи, иако имаме признание од Влада и документи кои излегле во јавноста, а кои индицираат директна милионска штета за државата причинета од врвот на власта? Дали треба да се одлеат милиони за ЈО да почне да делува?

За ова одговорност мора да има