Само минатата година според завршната сметка на државата која опфаќа средства уплатени на име данок на имот на пример Градот Скопје собрал 726,224,243.00 денари, односно 12 милиони евра, Општина Битола – 138,773,068.00 денари или околу 2,3 милиони евра, Општина Прилеп – 75.914.184.00 денари или 1,3 милиони евра, Општина Охрид – 179,181,588.00 денари или околу 3 милиони евра.
Граѓаните кој што го платиле данокот на имот не знаат каде завршиле овие средства. Дали завршиле за луксузни патувања, скапи ручеци, возила за градоначалниците, партиски вработувања или за други непродуктивни трошоци, додека имаме градови кај што водата не е за пиење, имаме лоша инфраструктура, училишта кои се распаѓаат. Оттука легитимни се прашањата колку училишта можеше да изгради Шилегов со 12 милиони евра од данок на имот во една година? Колку улици можеше да направи Петровска во Битола, колку паркови и игралишта можеше да се направат во Прилеп и колку можеше да се инвестира во комунална инфраструктура во Охрид, или колку метри канализација можеше да се направи во општина Струмица, од парите уплатени од граѓаните како данок на имот во САМО ЕДНА ГОДИНА?
Затоа ВМРО-ДПМНЕ го нуди проектот „Мојот данок за мојот проект, во мојата општина” во рамките на концептот „Македонија за сите луѓе”, со кој им се дава можност на сите граѓани да бидат оние што ќе одлучат каде ќе се потрошат нивните пари.
Сите граѓани ќе можат самостојно да одлучат каде ќе се инвестираат нивните пари на локално ниво, дали тоа ќе биде ново училиште, нова улица, парк или било што друго, што сами тие сметаат дека им е неопходно.
Со мерката нема повеќе да се дозволи на било кој општински функционер да троши народни пари на непотребни патувања, партиски вработувања или некои непродуктивни трошоци.
Кога СДСМ ќе убедува дека нема доволно средства да реализира одреден проект или да реши еден проблем на граѓаните имајте во предвид дека милиони се влеваат во буџетите токму со уплатата на данок на имот.
Но парите се потрошени, а проекти нема.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди нов пристап, кој гарантира транспарентност и отчетност, но и обврска тоа за кое граѓаните уплатиле да се изгради. Проектите ќе бидат објавени на страната на општината и ќе има бројач, како ќе се полнат средствата за тие проекти, така тој проект ќе мора да се реализира. Мора домаќински да се трошат народните пари, а тоа го нуди концептот „Македонија за сите луѓе” токму преку проектот „Мојот данок за мојот проект, во мојата општина”.
Ели Панова, пратеник