Целосен карантин на Македонија според него во овој момент нема да ги даде посакуваните ефекти.
– Имаме искуство од пролетта. Кај некои источни земји – Кина, Кореја, Виетнам, Австралија и Нов Зеланд таа мерка засега е успешна, но во поголемиот дел на Европа и САД доживеа крах. Таа мерка само го одложи неизбежното – имаше само логика во Ломбардија во март лани да го намали притисокот врз болниците. Во оваа фаза кога нема вакцина кај нас, таа мерка на целосно затворање ќе даде ефект по две недели. Ако трае 15 дена, а мислам и за тоа нема капацитет, поради економијата, само ќе го одложиме неминовното. Вирусот ќе чека и по еден месец од денес пак ќе биде исто. Друго е Србија, Германија, Британија и слични кај кои масовната вакцинација е во тек. Кај нив за време на рестрикциите тече имунизацијата и по отворањето добар дел од населението ќе биде заштитено, вели Пановски.
Пановски со порака до населението да се издржи со крај. Особено за оние кои се подвижни, порака, излезете на воздух и сонце, не одете по гости, не одете во кафулиња и ресторани во затворен простор, бидете на отворено, максимално проветрувајте, користете квалитетни маски.