Според него , скринингот во училиштата кој го спроведува Министерството за здравство нема никаква логика бидејќи брзите тестови со кои се врши тестирањето не детектирале асимптоматски случаи.

-Тие тестови јас би ги поделил во училиштата, би се направила мала обука и сите деца што сега ќе имаат настинки, бесплатно, веднаш да се тестираат. Или да се викне детето ако може или да отидат кај него дома. Тие 40.000 или колку имаат тестови. Скрининг да правиме ние на 8.000, а во Грција соседна се прави два пати неделно, на милион деца, значи два милиони неделно, ние сега на телевизија ќе гледаме како се прави скрининг. Мислам тоа е само со нешто да се занимаваме, вели професорот Никола Пановски.