Ситуацијата е јасна, а резултат од 42 спрема 16 е политички нокаут за кој не постои ниту еден аргумент за одбрана.

Пишува: Давид Салтамарски, политички директор на тинк-тенкот КОНЗЕРВАТИВ МК – Идеолошки и аналитички центар.

Чинам дека никогаш во македонската политичка историја опозициона партија не успеала да издејствува ваков резултат. И да, ова нема врска со било какво величење на резултатот туку едноставно е факт. Меѓутоа како дојде до овој резултат е прашањето што ќе треба да го поставиме. Резултатот се должи пред се на неколку работи, кои што го однесоа ВМРО- ДПМНЕ во предност. Прва и основна е тоа што многу дел градоначалници на социјалдемократите не мрднаа со прст за својата општина, а тоа е правата и основна причина за нивниот дебакл.

Во „најактуелните“ две скопски општини имам мислење дека двајцата градоначалници буквално хибернираа во изминативе четри години.

Оваа ситуација се преслика на целата територија. Владата на Заев во изминатите години во ниту еден момент не беше фокусирана на внатрешен и економски развој. Исто така, лошото менаџирање на корона кризата допринесе за создавање на атмосвера која во ниту еден случај не оди во прилог на власта. Фокусот на целата негова политика за постигнвање на „дил“ со Бугарија пропадна, па оттука и целата негова политика. Арогантноста на 5ре позната уште од негови пратенички денови, си го направи своето, а и целиот коалициски блок се расклати, фрагментираше, што дополнително придонесе кон поделба на гласови.

Нови ветрови во центар-десно

Иако повеќето аналитичари сметаа дека опозицијата нема капацитет за соработка со албанскиот блок, очигледно погрешија, а центар-десните партии покажаа дека сепак имаат потенцијал за соработка надвор од нивната етикета на „национални партии“. Перцепцијата и стереотипите дека десните партии цврсто се држат до национализмот како најсилно оружје, е теза наметната од левицата со цел да се залепи етикета која тешко се вади. Центар десно партиите во Македонија би требало во иднина повеќе да поработат на ова прашање и да продолжат да покажуваат дека токму кај нив може да биде заедничката нишка на соработка.
Третата грешка во целата кампања беше и фокусот на црна кампања од страна на власта. Тој експеримент им беше тотално непотребна и бесмислена работа, која во паника требаше да послужи како последно оружје по гласови. Сепак, се одрази како бумеранг и само го запечати нивниот пораз. Црната кампања не само што немаше никаква поента него и чинам дека самата власт си пукаше во нога. Тргнувајќи од фактот за оцрнување на против кандидатот за Скопје со анти-пропаганда, а воедно глумејќи „пријател“ на источниот сосед кој беше причина за црната кампања.

Кај македонските албанци пак, расположението се сврти и Тетово падна во рацете на опозицијата. Сега ДУИ влегува во следниот политички циклус со пораз и притисок од другите партии со кој нема да може да се справи лесно како досега. Меѓутоа целата оваа ситуација носи голема одговорност на плеќите на опозициската партија, а резултатите кои што ќе ги бркаат во наредните години ќе имаат далекусежни последици. Целата папазјанија со оставката на првиот човек на владата не знам како би ја сумирал искрено….