За време на разговорите со три жени и еден маж за италијанската мрежа ТГ5 папата истакна дека е „многу голем“ бројот на жени кои биле тепани и злоставувани во нивните домови.
– Тоа е речиси сатански бидејќи се искористува персона која не може да се брани, која може само да се обиде да го запре ударот. Тоа е понижувачко. Тоа е многу понижувачки, наведе папата, одговарајќи на прашање на жена жртва на семејно насилство.
Поглаварот на Римокатоличката црква од почетокот на пандемијата пред речиси две година повеќе пати зборуваше против семејното насилството, што е во пораст по воведувањето на рестриктивните мерки.