Во говорот на концертот за прибирање средства за промовирање на еднаков пристап до вакцините, Папата истакна дека светот е заразен со „вирусот на индивидуализам“.

„Варијанта на овој вирус е затворен национализам што спречува, на пример, интернационализам на вакцини“, рече тој во претходно снимената видео порака.

– Втората опција е кога ќе ги ставиме правата на пазарот, интелектуалниот пазар или интелектуалната сопственост пред законите на љубовта и здравјето на човештвото, додаде папата Франциск, потсетувајќи на големиот број смртни случаи од коронавирус.