Во својата порака објавена денеска по повод Светскиот ден на мирот на Римокатоличката црква, кој се слави на 1 јануари, папата повика и на подобра рамнотежа меѓу слободната пазарна економија и потребата да им се помогне на оние на кои им е потребна помош, како и да се заштити животната средина.
Речиси една третина од неговата порака, содржана на четири страници, е посветена на образованието и укажува на „значителното намалување“ на трошоците за образование во светот, додека воените трошоци се зголемија над нивото од периодот по крајот на Студената војна и „веројатно драстично ќе растат“.
– Затоа, крајно време е владите да развијат економски политики насочени кон промена на пропорциите на јавните средства потрошени за образование и за оружје, истакна папата во пораката испратена до шефовите на држави и меѓународните организации.
Тој повика на разоружување, забрана за нуклеарно оружје, нагласувајќи дека воените средства, исто така, треба да се пренасочат кон праведна дистрибуција на вакцините против Ковид-19 и истражувања за спречување на идни пандемии.