Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, испрати порака за одлучно отфрлање на практиката на евтаназија за време на својата посета на Лурд. Тој апелираше медицинскиот персонал секогаш да нуди целосна нега и човечка поддршка на болните наместо да посегнува по одземање на животот.

„Мора да го отфрлиме искушението да предизвикаме смрт под маската на лажно сочувство. Невозможно е предизвикувањето смрт да се смета за нешто нормално“, вели папата Лав XIV.

Во своето обраќање пред верниците, тој нагласи дека законското одобрување на одредени постапки никогаш не гарантира нивна морална исправност. Папата подвлече дека ниту една институција нема право да пресудува за човечките животи врз основа на лабораториски проценки и алгоритми.

Ваквите пораки доаѓаат откако француското Национално собрание неодамна усвои закон со кој се регулира асистираното умирање по долготрајни јавни расправи. Престојот во ова познато светилиште претставува претпоследна етапа од неговата посета на Франција, пред заминувањето за Мец каде што ќе одржи говор за Европа.