Партијата на пензионери да не ја лаже и манипулира јавноста, порача ВМРО-ДПМНЕ во соопштението, кое е реакција на денешната прес-конференција на Партијата на пензионерите на која тие објавија дека на претстојните локални избори ќе коалицираат со СДСМ.
„Партијата на пензионери не може да излезе од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од едноставна причина што никогаш оваа партија не била дел од истата. Но, точно е дека оваа партија пред само неколку месеци излезе од коалицијата со СДСМ. Со зачуденост гледаме на нивното постојано променливо однесување“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ
Потпретседателот на Партијата на пензионери, Миле Андоновски денеска рече дека ја отфрлаат одлуката на ИО на Партијата на пензионери за коалициска соработка со ВМРО-ДПМНЕ, затоа што предизвикала бројни незадоволства кај членовите. Андоновски рече дека таквата одлука за коалиција со власта била со образложение дека за пензионерите е најдобро да бидат со власта, меѓутоа одлуката е неприфатлива.