Од АМСМ известија дека од 11:45 часот сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар пред село Жировница повторно е нормализиран.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Појава на магла со видливост до 100 метри има во Кичево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.