– Покрај силната трговска врска со ЕУ, економијата страдаше од затворањето на границите и другите рестрикции кои влијаеја неповолно на трудоинтензивните услужни сектори, како малопродажбата и туризмот. Според Анкетата на претпријатијата во услови на КОВИД-19 што ја спроведе ЕИБ, 40 проценти од фирмите во Северна Македонија биле привремено затворени за време на пандемијата, а околу 70 проценти од нив искусиле намалена ликвидност или достапност на проток на готовина, што на крајот довело до голем пад на продажбата (38 проценти на годишно ниво) и на работната сила (15 проценти), посочува Павлова.
Во интервјуто што во целост ќе биде објавено утре, Павлова зборува и за новата кредитна линија од 100 милиони евра за што неодамна беше потпишан договор, за ефектите од досега инвестираните средства на банката, а најавува и дека ЕИБ е подготвена да и помогне на Македонија во напорите за остварување на зелената економија.