Тоа ќе важи дури и за спортистите кои што веќе го прележале коронавирусот, како и за оние што веќе се вакцинирани.
Спротивно на оваа одлука, голем дел од останатите мерки за борба против Ковид-19 веќе не се на сила, а беше скратен и полицискиот час, кој сега е од 23 до 5 часот.
Во ракометните конкуренции останува да се одиграат по шест кола во Суперлигата, Првата лига и во Женската лига, како и натпреварите во Купот на Македонија, а РФМ ја презема обврската да ги покрие сите трошоци за тестирање.