Охрид повторно ќе биде претпознатлив по развиенитот туризам во кој туристите ќе се чуствуваат убаво, за чиј престој во градот времето ќе им биде искористено со разни занимливости, ќе има каде да одат на плажа, нешто што туристите го немаа изминатата туристичка сезона, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков во „Топ тема“ на телевизија Телма.
Иако во емисијата беше предвидено да се одржа предизборна дебата со против кандидатот Константин Ѓорѓиевски од Социлајдемократскиот сојуз, но истиот, во последен момент на неколку минути пред почетокот на емисија го откажа своето присуство, при што немајќи аргументи избегна да ги соочи на дебатната емисија.
Пецаков посочи дека неговиот концепт за уредување на охридските плажи, предвидува на самите плажи да бидат поставени типизирани шанкчиња од природни материјали и искористеност со лежалки на плажите од 50 отсто, додека останатите 50% да бидат слободни за граѓаните.
„Мојот концепт за функционирање на охридските плажи е, на плажите да бидат поставени типизирани шанкчиња составени од природни материјали, 50% искористеност на плажата со лежалки и 50% да бидат слободни за граѓаните. Тоа е начинот на кој што плажите ќе бидат уредени, а со сето тоа и оддржани. А, не како во случајов со оваа туристичка сезона, кога во јуни беа срушени, а туристите кои што доаѓаат да нема каде да одат на плажите, затоа што најголем дела од нив не беа ниту уредени, а основните услови за функционирање на тие плажи, како што се тоалети и сите останати пропратни работи, не беа овозможени за туристите ова лето. А јас како градоначалник, сите тие проблеми настанати од лошото менаџирање на општината, не само по однос на плажите, туку воопшто ќе ги решам“, истакна Пецаков.
Во однос на дивоградбите, Пецаков истакна дека ќе побара од Министрство за транспорт нивно отстранување, затоа што во заштитеното подрачје на градот, надлежна е централната власт.
„За дивоградбите кои што се во заштитениот дел на градот Охрид од Унеско, надлежно е Министрството за транспорт и врски. Со мое гоаѓање на чело на општината, за сите дивоградби ќе бараме отстранување и решавање на проблемот со дивоградбите“, посочи Пецаков.
Што се однесува за депонијата Буково која во изминатиот период постојано гори така што непријатниот мирис и чад го чуствуваат и охриѓани, Пецаков истакна дека таа ќе биде 24 часа обезбедувана се додека не биде отстранета, за што е потребна поддршка од Министерството за животна средина и од Владата за формирање на регионала депонија на локација која што ќе одреди државата.
Меѓу другото, Пецаков посочи дека во Охрид, синоним за мафијата е СДСМ и Константин Ѓорѓиевски и неговата соработка во изминатите две и пол години како градоначалник, токму со нив, кои истите ги повикува за соработ и поддршка на вториот круг од локалните избори.