Kандидатот за градоначалник на општина Охрид од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Кирил Пецаков, гарантира проекти за населбите Воска, Далјан, 15 Корпус и Железничка.

За жителите во населбите Воска и Далјан предвидени се реконструкција на ПОУ„Св. Климент Охридски” и партерно уредување, изградба и реконструкција на современо детско игралиште, реконструкција на пешачка патека Лабино-Далјан, партерно уредување на зелениот простор кај стадионот Грашница, како и партерно уредување на речното корито на река Грашница, информира Пецаков.

Додава дека во населба 15 Корпус предвидено е асфалтирање на краци на улиците „15ти Корпус“, „Ирина Мирка Гинова“, „Александар Турунџев“, „Кленоец“ и „Веле Марков“, поставување на забавувачи на брзина на ул. „Кленоец“, како и партерно уредување на коритото на река Сушица.

За населба Железничка предвидено е изградба и реконструкција на современо детско игралиште, изградба и реконструкција на атмосферска канализација на улиците „Будва“ и „Прилепска“, промена на водоводна мрежа на улиците „Винковачка“ и „Крали Марко“, како и асфалтирање и реконструкција на улиците „Будва“, „Прилепска“ и „Винковачка“, додава Пецаков.